21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Rolls-Royce Bespoke Phantom Oribe автомобилот создаден во соработка со Hermès

Најчитани вести

Автомобилот, Rolls-Royce Bespoke Phantom Oribe, кој е направен по нарачка на јапонскиот милијардер Јусаку Маезава е инспириран од неговиот приватен авион, неговата античка Јапонска колекција на керамика и коњичкото наследство на Hermès. Заснован на Фантом VIII, овој модел е прецизно рачно изработен од страна на Rolls-Royce и Hermès, од внатре и од надвор, користејќи материјали, техники и интелигенција од двата бренда.

За овој Rolls-Royce Bespoke Phantom Oribe се користени „MZ Oribe Green“ и „Cream бои, што претставува необичен потег за британскиот луксузен производител на автомобили. За внатрешноста, Hermès обвива скоро сè во својата кожа „Enea Green“, дури и копчињата за контрола на климата. Оваа кожа се употребува и на повидливи места, како преградата за ракавици, багажниот простор и ладилникот за шампањ. Надворешниот дел од преградата за ракавици се детализирани со рачен релјефен потпис „Habillé par Hermès Paris“.

Делот на Rolls-Royce најмногу се забележува на решетките за звучници, врати, задни конзоли, маси за излет, кои се изработени од нивнот „Open Pore Royal Walnut“ фурнир. Карактеристична е употребата на Hermès „Toile H“ платно со која се покриени наслоните за раце, централната и задната конзола и тапацирот над главата. Познавајчи ја работата на двата луксузни бренда, несомнено е дека има и други детали кои го прават овој автомобил единствен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести