Home » Rolls-Royce интензивно го тестира својот прв електричен автомобил

Rolls-Royce интензивно го тестира својот прв електричен автомобил

by Журнал.мк

Електричниот модел Spectre моментално ги минува своите тест километри на патиштата на француската ривиера.

Нема одмор за тест возачите и инженерите во британската автомобилска компанија под покровителство на BMW кои го тестираат/развиваат првиот Rolls-Royce што ќе се вози само со електрични мотори, а последните фотографии од камуфлираниот прототип се направени на патишта на француската ривиера каде се тестира суспензијата на моделот Spectre.

Со претходната најава дека серискиот модел ќе биде готов на крајот на следната година, RR има доволно време да ги заврши сите работи на електричниот модел кој ќе помине околу 2,6 милиони тест километри во различни режими и климатски услови.

Тестниот прототип досега помина 625.000 километри, а кривулестите патишта на француската ривиера беа избрани за тестирање и прилагодување на адаптивните елементи на суспензијата на автомобилот, кои, како што стојат работите, ќе бидат најаеродинамичниот RR досега.

Во Rolls-Royce не открија многу технички детали за првиот електричен ултра луксузен модел со врати долги 1,5 метри, но познато е дека Spectre е базиран на нова EV платформа со која ќе има најцврста каросерија во историјата на компанијата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk