Home » Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да испорача резултати со многу забрзана динамика

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да испорача резултати со многу забрзана динамика

by Журнал.мк

Очекувам како ЕУ овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика, изјави денеска шефот на Делегација на ЕУ во земјава, Михалис Рокас за време на денешната посета на Битола.

„Од новиот состав на Европската комисија треба да очекувате многу напорна работа. Процесот на проширување на Европската Унија е врвен приоритет за самата Унија. Како сведоштво или како доказ за тој врвен приоритет е тоа што имаме комесар за проширување, а имаме и политички директор кој што ја има функцијата за проширување. Значи ги имаме сите алатки на раполагање и треба да ги ставиме во дејство од првиот ден на работата на новиот состав на Европската комисија. Ние како Делегација на ЕУ заедно со мојот тим и сите други членки на ЕУ тука присутни, остануваме посветени на самиот напредок за да може да ги искористиме сите можности кои ЕУ ги нуди. Имаме на располагање различни финансиски механизми, како што е Планот за раст на Европската комисија и исто така реформската агенда на самата Влада. Очекувам како ЕУ овој пат и ние да можеме да испорачуваме резултати со многу забрзана динамика“, рече Рокас.

Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос вчера го повтори својот став во однос на Македонија и нејзините евроинтеграции. Таа рече дека очекува ништо повеќе и ништо помалку – промена на Уставот за вклучување на Бугарите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk