ЕУ амбасадорот во Македонија Михалис Рокас, денеска од Куманово зборуваше за формирањето на новата влада во Бугарија, и рече дека тоа е одлична можност за Македонија.
„Бугарија доби нова влада, и ние и посакуваме се најдобро. Нашиот фокус е земјата да ги изврши реформите, ова е одличен момент и шанса за напредок на процесот. Веќе има дипломатска активност, но ќе сториме се оваа активност да оди понатаму и да напредува. Повторно ќе кажам, максимално сме фокусирани сме да се исполнат реформите“, рече Рокас.