Home » Рокас: Авторитетот, непристрасноста и отпорноста на Уставниот суд се исклучително важни за владеењето на правото во земјата

Рокас: Авторитетот, непристрасноста и отпорноста на Уставниот суд се исклучително важни за владеењето на правото во земјата

by Журнал.мк

Реформата на уставното судство е една од најважните бидејќи Уставниот суд игра многу важна улога не само за обезбедување на владеењето на правото туку и за заштита на европските вредности, а реформата треба да одговори како најдобро да се заштити независноста и интегритетот на Уставниот суд во едно опкружување кое постојани се менува.

Ова го истакна Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во воведното излагање на тркалзената маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Рокас истакна дека Уставниот суд не е само уште една институција во едно демократско општество, тој е заштитник на Уставот, на законитоста и на основните права и слободи на секој граѓанин. Неговиот авторитет, непристрасност и отпорност се исклучително важни за владеењето на правото во земјата, и, потенцира, многу важен чекор за патот на државата кон членство во ЕУ.

-Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога. Од тие причини ЕУ го поддржува судот во неговата работа и ги зајакнува неговите капацитети. Ја поддржуваме Северна Македонија да изгради силни, независни и кредибилни институции, рече Рокас.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk