Поранешниот руски амбасадор во НАТО и висок актуелен функционер во Москва, Дмитри Рогозин, објави расистички пост на Твитер кој се споделува масовно, со главна оценка дека е несфатливо како им се дозволува на руски функционери да постираат вакви работи и да покажуваат што мислат за тие што имаат поинаква боја на кожа, особено што Русија има политички сојузници и во многу африкански земји. Во постот на Рогозин од кој се зѐзгрозија сите стои:
„Пред неговата болест, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин сакаше да се фотографира со пигмејците“.
Некои од следбениците на Твитер побараа неговиот профил да биде суспендиран поради толку јасно прекршување на условите за користење на мрежата.