Home » Родителите на повредените од Кочани: Им благодариме на лекарите, на бугарскиот народ за грижата и на сите крводарители

Родителите на повредените од Кочани: Им благодариме на лекарите, на бугарскиот народ за грижата и на сите крводарители

by Журнал.мк

Дел од македонските пациенти примени во софиската болница „Пирогов“ по трагедијата во Кочани се пуштени дома, а родителите на децата јавно се заблагодарија на бугарскиот народ и на сите крводарители.

„Возбудени сме што нашите деца се отпуштаат. Тука сме да им се заблагодариме на директорката и на лекарите кои се грижеа за нашите деца. Сакаме да се заблагодариме и на бугарскиот народ за грижата за нас, како и на сите крводарители“, изјави еден од родителите на повредените млади.

„Ќе останат со голем шок и траума до крајот на животот. Сите сега се како семејство и се надеваме дека еден ден ќе им биде подобро“, изјавил друг родител.

Родителите додаваат дека контролите на настраданите ќе продолжат да се вршат во „Пирогов“.

Како што велат од болницата, сите четворица отпуштени пациенти биле подложени на над 12 големи операции. Сепак, нивните повреди не се само физички.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk