Home » Родители по потекло од Србија, го киднапирале своето бебе во Франција

Родители по потекло од Србија, го киднапирале своето бебе во Франција

by Журнал.мк

Во околината на Амстердам се уапсени родители со потекло од Србија, кои го киднапирале своето недоносено бебе од породилиште во Франција, пренесоа француските медиуми, додавајќи дека малото е добро.

Бебето Сантијаго, киднапирано во понеделникот вечерта од породилиште во Olne su Bois, во департманот Сена-Сен Дени во Париз, било пронајдено во хотел во близина на Амстердам во Холандија, дознава Le Parisien од извор близок до истрагата, потврдувајќи информации од BFMTV.

Неговите родители, кои беа предмет на европска потерница, беа уапсени. Според извор близок до случајот, цитиран од BFMTV, здравствената состојба на бебето е опишана како „добра“.

Како што пишува Le Parisien, родителите се по потекло од Србија, од ромската заедница.

Исчезнувањето на предвременото бебе предизвика „аларм за киднапирање“ пред да биде прекинат во вторникот вечерта на барање на француските обвинители.

Тогаш во Белгија беше издадена национална потерница. Јавното обвинителство отвори истрага за „организирано киднапирање на малолетничка која не наполнила 15 години“.

На прес-конференцијата во четвртокот, полицијата и обвинителството рекоа дека се „крајно загрижени“ за здравјето на детето, додека одбиваат да „изгубат надеж“ дека ќе го најдат живо.

Властите ги повикаа бегалците „веднаш да го однесат (нивното бебе) во најблиската болница“ за да му дадат итна помош.

Во понеделникот вечерта, „помеѓу 23:00 и 23:30 часот“, бебето исчезна од одделението во болницата Роберт Балангер.

Родителите биле видени како го напуштаат објектот со торба, во која инспекторите се сомневале дека го сокриле бебето. Во исто време, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден со исклучување на сензорот за срцето на бебето.

Бебето, родено многу предвреме, барало постојана медицинска нега, а секој прекин во оваа нега може да му го загрози животот, вели јавниот обвинител Ерик Матаис, во соопштение за медиумите.

Полицијата најпрвин се обидела телефонски да стапи во контакт со мајката на доенчето, пред да отиде на адресите дадени од родителите, а потоа да контактира со другите членови на семејството, објасни обвинителот.

Приведени се уште три лица, осомничени дека им помагале.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk