Министерството за образование да запре со политичките игри во основното училиште во струшкото селото Подгорци, побараа денес родители на ученици во ова училиште, откако на почетокот на октомври, министерството му ги одзеде ингеренциите на струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко за ова основно училиште и назначи нов в.д директор. Тие велат дека образовнието не смее да биде инструмент за дневни политики и партиски цели.
„Бараме од министерката за образование, веднаш да ги запре политичките интервенции во нашето училиште, да го почитува суверенитетот на училишниот совет и да го потврди назчувањето на директорот согласно законските процедури, што јасно ги утврдуваат образовните институции. Да избегне намерни одложувања и блокади, кои се резултат на политички игри од субјекти како ВМРО и други, кои сакаат да го манипулираат овој процес за свои интереси“, рече Амир Муртезоски, жител на Подгорци.
Инаку огласот за избор на нов директор кој го распиша Министерстгото за образование е се уште во тек. Родители велат дека последните случувања, влијаат на наставниот процес во училиштето и се закануваат со блокади. Бараат да биде избран кандидатот за кон училишниот одбор дал согласност за него.
„Доколку нашите барања не бидат слушнати ќе бидеме принудени да преземеме поригорозни мерки.Во знак на протест нема да ги испраќаме во училиште нашите деца, додека не се осигураме дека образованието останува надвор од политички влијанија.Апелираме до министерството веднаш да го реши овој проблем, кој самото го создаде“, додава Муртезоски.
В.Д Директорот на училиштето во Подгорци, Јовче Крстаноски, не сакаше да ги коментира ваквите изјави.
„Поради добиена претставка за наводни нерегуларности при спроведување на постапката за избор на директор во училиштето во струшко Подгорци од страна на училишната комисија, Министерството за образование и наука не го направи изборот на предложениот кандидат за директор, за кој, патем има и поднесена претставка за проверка на веродостојноста на приложената конкурсна документација. По завршувањето на надзорите од страна на надлежните институции и органи за постапување согласно пристигнатите претставки, ќе ве известиме за исходот и понатамошните чекори“, наведоа од Министерството за образование.
Инаку против Мерко веќе се водат неколку судски процеси за незаконско назначување на директори во неколлу основни училишта во селата Велешта, Лабуништа, Подгорци и Радолишта и Браќа Миладиновци во Струга, а покрај во Подгорци, МОН,му ги одзеде ингеренциите на Мерко и за училиштето во селото Дрслајца. Причина за тоа, како што рекоа од министерството е поради нереализирани обврски кои произлегуваат од закон, односно енавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста.