Home » Rock and roll: Лени Кравиц вежба во кожни панталони во теретана

Rock and roll: Лени Кравиц вежба во кожни панталони во теретана

by Lina Muslija

Американскиот музичар Лени Кравиц (59) деновиве на Инстаграм објави видео од сала за вежбање каде што дига тегови. Речиси шеесет годишниот пејач, кој долго време важи за „секс симбол“ меѓу женската публика, покажа дека вистински растура во теретана, иако е многу блиску до седмата деценија од животот.

Интересно е што Кравиц во теретаната вежба облечен во кожни панталони, мрежеста маица, чизми и очила за сонце, аутфит препознатлив за музичарот.

„Му благодарам на Господ за денешниот ден! Благодарен сум за сè и никогаш не сум бил подобар. Сè е можно“, порача тој во описот на објавата која предизвика многу коментари и изненади многумина со изборот на облеката за вежбање.

„Кој вежба во кожни панталони? Само Лени“, „Каква легенда си ти“, „Само Лени може да вежба во оваа облека и да не трепне“, „Ова треба да стане тренд“, „Ова е лудо“, „Јас не можам да поверувам дека овој човек има речиси 60 години“, „Те обожавам, вежбај во што сакаш“, „Овој стајлинг е предобар“, му порачаа обожавателите.

Легендарниот музичар, познат и по своите извајани стомачни мускули, често добива комплименти за својот изглед. Минатата година ги одушеви обожавателите со спотот за песната „TK421“, во кој се појави гол.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More