Напаѓачот на Барселона Роберт Левандовски веќе се согласи за нов договор со клубот, пренесуваат Мундо Депортиво и Спорт.
Полскиот најдобар стрелец ќе остане со Каталонците уште една сезона – до летото 2026 година.
Искусниот фудбалер во актуелниот договор имаше клаузула со која автоматски ќе му се продолжи договорот доколку играше на половина од натпреварите на Барса.
Ова ќе стане факт на домашен терен на Рајо Ваљекано, бидејќи тоа ќе биде 34 меч за Полјакот во досегашниот тек од сезоната.
И покрај оваа клаузула, сепак, Барселона веќе одлучи да го продолжи договорот на 36-годишниот Левандовски во секој случај.