Home » Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?

Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?

by Журнал.мк

Исклучително загрижувачки, вака невладината Сите за правично судење го оценува назначувањето членови во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Велат, недозволиво е таа функција да ја извршуваат лица кои се дел од Судскиот и советот на јавни обвинители.

„Назначувањето членови на Управниот одбор на Академијата беше извршено на седница на Советот на јавни обвинители која траеше вкупно 11 минути, додека пак Судскиот совет назначувањето го изврши под точката „разно“ од дневниот ред“, потенцираат од Коалицијата Сите за правично судење.

Велат изборот е сериозен ризик од корупција и судир на интереси, бидејќи Антоанета Димовска и Душица Димитриевска како избрани и именувани, со закон им е забрането да имаат функција и во органи на управување.. Дополнително, нивното членување било спротивно и на Законот за Академија. Таму ќе треба да одлучуваат по приговори, а потоа како членови на советите ќе треба да одлучуваат за избор на кандидатите кои се обучиле за судии и обвинители.

„Така, се поставува прашањето дали членовите на Советите како дел од Управниот одбор на Академијата може да одлучуваат по приговорите на кандидатите, а истовремено да одлучуваат во рамки на Советите за избор на тие кандидати за судии или јавни обвинители, без тоа да претставува судир на интерес и акаумулација на одлучувачката моќ?“, велат од Коалицијата.

Постапувањето на судски и советот на обвинители го осудуваат и политичките партии. Сметаат дека со назначувањето нивни членови во Управниот одбор на Академијата, продлжуваат да ја поткопуваат и така ниската доверба во правосудните органи.

„Советот на јавни обвинители, исто како и Судскиот совет, изврши класичен упад во Академијата за судии и јавни обвинители.
Советот на јавни обвинители, наместо за член на УО на Академијата да назначи јавен обвинител, тој назначил свој член, директно кршејќи го чл. 44 од Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со кој се забранува избрано или именувано лице да биде во орган на управување во државен орган или лице кое располага со државен капитал“, изјави Миле Лефков, ВМРО-ДПМНЕ.

Новоизбраните членови веќе во четврток за првпат ќе одлучуваат за работата на Академијата. Управниот одбор ќе го менува Правилникот за полагање на завршниот испит, а ќе ја дополнува и листата предавачи на кандидатите кои се обучуваат за судии и обвинители.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk