Home » Ридигер одби 200.000 фунти неделно од Челси!

Ридигер одби 200.000 фунти неделно од Челси!

by Журнал.мк

Челси не успеале да го убедат Антонио Ридигер да потпише нов договор и покрај понудата од 200.000 фунти неделно која ја дале од богатиот англиски клуб, тврди „Дејли мејл“.

Според нивните извори, преговорите продолжуваат откако на германскиот репрезентативец му завршува договорот на крајот на сезоната, и иако сега заработува 100.000 фунти неделно, тој одбил понуда со удвојување на платата.

Ридигер очигледно има намера да си замине од „Стемфорд Бриџ“ по наводниот интерес на Реал Мадрид и на Пари Сен-Жермен, а последните шпекулации велат дека и Манчестер јунајтед ја разгледува опцијата за понуда, посебно бидејќи преодниот менаџер на клубот, Ралф Рангник е голем љубител на играта на 28-годишниот сонародник.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More