Home » Ричард Гир го прослави 75 роденден: доби емотивна честитка од неговата сопруга

Ричард Гир го прослави 75 роденден: доби емотивна честитка од неговата сопруга

by Lina Muslija

Ричард Гир и неговата 34 години помлада сопруга Алехандра Силва моментално се во Венеција, каде што е во тек 81. Филмски фестивал во Венеција, а овој холивудски актер таму го прослави и својот 75-ти роденден.

Во оваа прилика преку емотивна објава на Инстаграм се огласи и неговата Алехандра.

„Среќен роденден на љубовта на мојот живот! По 11 неверојатни години заедно, сè уште се чувствувам како првиот ден кога се запознавме. Патувањето што го споделивме, прекрасното семејство што го изградивме и спомените што ги направивме се повеќе од што можев некогаш да сонувам“.

„Со тебе животот ми е подобар во секој поглед и многу сум благодарна што те имам покрај мене. За уште многу години заедничка љубов, смеа и среќа. Со многу љубов Але“, напиша неговата сопруга покрај нивната заедничка фотографија.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More