Посочи дека не постои никаква поврзаност меѓу сопственикот на бензинската пумпа и менаџерската структура на дискотеката
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната прес-конференција потврди дека во близина на дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде загинаа 59 млади лица, имало резервоар за нафта, но дека тој бил празен.
„Точно е дека во близина постоела како бензиска пумпа и одреден резервоар вкопан во земја, кој според првичните информации, е празен и не бил во допир со настанатиот пожар во дискотеката“, рече Тошковски.