Home » Ревизорите најдоа низа пропусти во работењето за ФЗО

Ревизорите најдоа низа пропусти во работењето за ФЗО

by Журнал.мк

Државниот завод за ревизија констатирал дека Фондот за здравство нема соодветна контрола на вршењето на здравствените услуги во здравствените установи поради што не е обезбедено целосно потврдување на фактурите за извршени здравствени услуги, стои во најновиот извештај за слабостите во контролата на Фондот за здравствено осигурување.

„Непостоењето на единствен интегриран систем за издавање упати, лекарски извештаи и пресметки за извршени здравствени услуги, кои се основа за изготвување на месечни фактури/извештаи создава ризик од пропусти и грешки. Системските и мануелните контроли во процесот на препишување и издавање на лекови не се соодветно воспоставени и спроведени и постои ризик од плаќање на фактури за рецепти во вид и обем различен од реалниот“, стои во извештајот на ДЗР.

Не се вршени финансиски контроли за наменското трошење на средствата, на набавката и евиденцијата на лековите и на извршените здравствени услуги. Постојат слабости и неправилности во постапката за упатување на лекување во странство, констатирале ревизорите.

„Во постапката за упатување за лекување во странство на осигурените лица постојат слабости и неправилности, при што не е обезбедена соодветна правна заштита на барателите и не е воспоставена контрола и систем на следење на успешноста на лекувањето во странство. Побарувањата за дадени аванси за лекување во странство нецелосно се евидентирани и не се воспоставени соодветни контроли за потврдување на фактурите од странските болници. Ваквата состојба резултирала со тужбени барања од странска болница, за кои постои неизвесност за крајниот исход“, велат од Државниот завод за ревизија.

Јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување не прават анализа за тековно менување на трошоците на услугите и ажурирање на листата на лекови на товар на Фондот, стои во извештајот на ревизорите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More