Home » Репрезентација на кошаркари во количка

Репрезентација на кошаркари во количка

by Журнал.мк

Македонија од мај, лани, има репрезентација на кошаркари во количка. Телесниот инвалидитет не ги спречува редовно да тренираат и да постигнуваат солидни резултати, но за да се зголеми тимот им се потребни финансиски средства. Една количка чини четири илјади евра…

Ова е крајниот дел од тренингот, се проверува како го условиле знаењето, напад-одбрана. Иако имаат телесен инвалидитет, за нив животот не е борба, туку натпревар, фер како што налага спортот. Со позајмени колички од Србија и неколку купени, Македонија од мај, лани, има репрезентација на кошаркари во количка.

Зоран Јовановски два пати неделно третира кошарка во спортскиот центар „Јане Сандански“ во скопски Аеродром. Иако пред да се повреди и да заврши во инвалидска количка повеќе сакал фудбал, но, вели се приспособува на ситуацијата, па кошарката станала негова љубов. За да спортува во среда и петок, патува од родната Струмица во Скопје.

Ова е ново искуство и за Горан Спасов. А, за добри резултати од овој спорт, потребно е време.

Потребна им е финансиска помош за да можат да одат на натпревари и да го зголемат тимот.

Количките чинат 4.000 евра и се надеваат дека ова нема да биде пречка да згасне овој спорт, којшто во светот има историја од речиси 80 години.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk