39
Ренова убедливо триумфираше против второлигашот Воска Спорт со 4-0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид.
„Гипсарите“ поведоа со 2-0 уште во првиот дел со головите на Јусуфи и Кахримановиќ, а во второто полувреме погодија и Шефити директно од слободен удар, како и Рамадани за конечни 4-0.