-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Renault Austral ја покажа финалната форма во новите тизери

Најчитани вести

Пред еден месец Renault најави дека наследникот на Kadjar ќе биде наречен Austral, а сега компанијата објави повеќе фотографии и детали за престојниот SUV кој треба да дебитира во 2022 година, притоа откривајќи повеќе детали за хибридните и благохибридните погони.https://avtoplus.mk/?wppaszoneid=62764

Renault Austral е базиран на CMF-CD3 платформата, слична на онаа која се користи кај Nissan Qashqai и Nissan X-Trail. Според Renault, новата архитектура ќе донесе подобра звучна изолација, повеќе системи за асистенција и ќе добие поставка на системот за потпирање насочена кон поголем комфор.

Renault Austral

И покрај тоа што моделот е камуфлиран, новите фотографии ја откриваат силуетата на Austral, која е слична со онаа на Megane E-Tech иако возилото делува дека има поголем отпечаток и потврдена должина од 4,51 метри. Austral има тенки LED светлечки единици на двата краја, инкорпорирајќи го најновиот дизајнерски јазик на Renault. Иако не се објавени фотографии од ентериерот, се знае дека во кабината ќе има конфигурација со пет седишта и се очекува да има масивен инфозабавен екран на контролната табла.

Последна фаза од тестирањата

Austral би требало да биде подготвен за лансирање на пазарот подоцна во првата половина од годинава и во моментов влегува во серија тестови кои во автомобилската индустрија се познати како конфирмациски тестови. Ова е финалната инспекција за новиот SUV пред да биде подготвен за испорака до клиентите. Но, тоа воопшто нема да биде едноставно, бидејќи Renault иима за цел да тестира флота од околу 100 возила кои ќе поминат 2 милиони километри ширум Франција, Шпанија, Германија и Романија. Францускиот производител вели дека ќе искористи 900 возачи кои ќе покријат 600.000 километри отворени патишта. Останатите 1,4 милион километри ќе бидат на возачки патеки.

Renault Austral

Покрај новите тизер фотографии за Austral, Renault објави и детали за моторните единици. Она што е најважно е дека наследникот на Kadjar нема да биде достапен со дизел мотори. Од Renault велат дека моделот ќе биде лансиран со хибриден моторен опсег и ќе нуди целосно нови опции. Меѓу различните опции, тука ќе биде Austral E-Tech хибридот, турбо 1,3-литарскиот TCe со 12V благ-хибриден систем, како и целосно новиот турбо 1,2-литарски TCe со 48V благ-хибриден систем. Најмоќната варијанта од моторите ќе испорачува до 200 КС. Исто така, се верува дека во развој е и целосно електрична варијанта.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com