-8.2 C
Skopje
Tuesday, January 25, 2022

Renault по 60 години ја прикажа новата „четворка“, најпрво како дрон (ВИДЕO)

Најчитани вести

Летечкиот автомобил AIR4 е нешто невидено и покажува како би можела да изгледа иконата во следните 60 години

Renault ја одбележа 60-годишнината од моделот 4 со летечки проект кој го носи изгледот на францускиот икона модел во следните 60 години. Дизајниран во соработка со експертите на TheArsenale, AIR4 е моќен дрон од јаглеродни влакна.

Не е тајна дека Renault го враќа моделот 4, кој се продаде во повеќе од 8 милиони примероци меѓу 1962 и 1991 година. Но, не се надевајте дека ќе лета. Единственото нешто што AIR4 ќе го сподели со претстојниот Renault 4 е тоа што и двата се со батериски погон. Во дронот AIR4 тоа се четири пропелери со две лопатки кои ги заменуваат четирите тркала со телото поставено во средината на рамката.

Наместо мотор со четири цилиндри, од технички аспект, AIR4 се напојува со литиум-полимерни батерии од 22.000 mAh со вкупен капацитет од 90.000 mAh, што е доволно за максимална брзина од 26 m/s. Максималната брзина е 97 km/h, најголемата тета висина е 700 m, а Renault вели дека секој од четирите пропелери е способен да генерира 95 kg вертикален потисок.

По углед на оригиналот, внатрешноста е дефинитивно необична, седиштата се состојат од нешто што изгледа како клупа во парк обложена со ремени, а контролната табла се состои од едноставен централно поставен дигитален дисплеј.

„По прославата која трае една година, сакавме да создадеме нешто неконвенционално за да ја затвориме 60-годишната приказна на Renault 4“, вели Рауд Белони, глобален маркетинг директор на Renault, за AIR4. „Оваа соработка со TheArsenale беше природна. AIR4 е нешто невидено и покажува како би можела да изгледа оваа икона во следните 60 години“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com