Американскиот производител на електрични автомобили „Tesla“ во рекордната 2021 година продал повеќе автомобили отколку што произвел, покажуваат податоците на компанијата објавени во неделата.
„Tesla“ минатата година продала 936.172 електрични автомобили, што е речиси двојнo повеќе од претходниот рекорд од 2020 година кој изнесува 499.647 возила.
Во последното тримесечје од 2021 година, на купувачите им биле испорачани 308.600 електрични возила, речиси третина од вкупниот број минатата година. Како резултат на тоа, компанијата успеала да продаде повеќе возила отколку што произвела во годината – 930.422 модели.

Компанијата „Tesla“ е основана од страна на американскиот претприемач Илон Маск во 2003 година. Нејзиното седиште се наоѓа во американскиот град Пало Алто во Калифорнија, а на почетокот компанијата беше наменета исклучиво за производство на електрични автомобили. Подоцна се вклучи и во изработка на соларни панели и други системи за складирање на енергијата.
Во октомври 2021 година, пазарната вредност на „Tesla“ за првпат надмина билион американски долари.