Home » Реконструкција на улицата од последна „5-ка“ до гробиштата во Ѓорче Петров

Реконструкција на улицата од последна „5-ка“ до гробиштата во Ѓорче Петров

by Журнал

Општина Ѓорче Петров соопшти дека во изминатите две години речиси целосно е урбанизирана улицата „Радушка“, која е една од најстарите улици во општината. Во насока на целосно заокружување на нејзина репарација, градоначалникот Александар Стојкоски денеска извршил увид во нова серија градежни работи, или реконструкција на патот од последна „5 “ до гробишта во должина од 490 метри.

-После долгогодишни барања од граѓаните, освен што во овој дел на Ѓорче Петров поставивме нова фекална и атмосферска канализација, на оваа улица работевме и на реконструкција на краци, како и на поставување нови тротоари, информирал Стојкоски.

Граѓаните од Дексион, додал тој, долги години упатуваа барања до Општина Ѓорче Петров за санација и репарација на ул.„Радушка“ онаму каде што беше неопходно.

-Ние веднаш покажавме слух за нивните барања и излеговме на терен. Точно е дека имаше итна и неодложна потреба за интервенција и токму затоа се уште сме на терен на „Радушка“ , истакнал Стојкоски.

Проектот за реконструкција на патот од последна „5 – ка “ до гробишта кој е во соработка со Министерството за транспорт и врски е во вредност од 17.400,000 денари, се наведува во соопштението од Општина Ѓорче Петров.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk