Home » Рекламниот колач за изборите ќе го делат 249 портали

Рекламниот колач за изборите ќе го делат 249 портали

by Журнал.мк

Политички реклами за изборната кампања ќе може да објавуваат 249 интернет портали, 37 телевизии, 35 радија и 11 печатени медиуми. Оваа одлука ја донесе Државната изборна комисија ( ДИК). Со усвојувањето на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се отвора просторот за изборно рекламирање на двојните избори (претседателски и парламентарни) кое го регулира ДИК.

Според податоците на ДИК за платено политичко рекламирање за двојните избори се предвидени 656 милиони денари или над 10.614.000 евра.

ДИК најави дека Регистарот на медиуми кои ќе вршат платено политичко рекламирање и ценовниците ќе бидат достапни на веб-страната на Државната изборна комисија.

До ДИК пристигнале вкупно 333 барања за платено политичко рекламирање за претседателските избори. Вкупно осум правни субјекти со 10 портали, еден поткаст и едно радио се одбиени поради, како што се наведува, неисполнување на законските услови за регистрација на медиуми за платено политичко рекламирање. Против решенијата за одбивање на медиумите кои не ги исполнуваат условите за регистрација за платено политичко рекламирање, незадоволната страна има право на тужба до Управен суд на Република Северна Македонија, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април, а кампањата за парламентарните избори, што треба да се одржат на 8 мај, ќе биде од 18 април до 6 мај.

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More