Home » Регистрирани неколку ковид случаи на австралиски брод кој плови кон Тонга, земја со ниеден заразен

Регистрирани неколку ковид случаи на австралиски брод кој плови кон Тонга, земја со ниеден заразен

by Журнал.мк

Околу дваесетина случаи на ковид-19 се регистрирани меѓу екипажот на австралиски воен брод на пат да достави хуманитарна помош во Тонга, земја во која немало ниеден случај на коронавирусот, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Властите во Тонга, погодени од огромна вулканска ерупција и цунами на 15 јануари, побараа да се достави помош без човечки контакт поради загриженоста дека избувнувањето на ковид-19 би било катастрофално за малата островска земја на Пацификот.

Бродот HMAS Adelaide, кој замина од Бризбејн, носи големи количини на залихи, хеликоптери, опрема за прочистување на водата, дополнителна хуманитарна помош, а исто така и инженерски контингент на австралиската армија, а тие треба да пристигнат во Тонга за неколку дена.

Австралискиот министер за одбрана Питер Датон рече дека 23-ца од персоналот се тестирале позитивни на ковид-19 на бродот.

„Ќе работиме со властите во Тонга за да го задржиме тој брод на морето за да се увериме дека нема закана“, вели Датон.

„Очајно им е потребна помошта, но не го сакаат ризикот од ковид“
Канцеларијата на Датон изјави за Ројтерс дека HMAS Аделаида сè уште е на пат кон Тонга. На бродот има околу 600 членови на екипажот.

Летови со помош од Австралија и Нов Зеланд пристигнаа во Тонга минатата недела со основни материјали, но преносот на стоката беше извршен на бесконтактен начин. Еден австралиски лет за помош беше принуден да се врати во базата кога беше откриен случај на ковид-19 среде лет.

Брод со хуманитарна помош од Нов Зеланд слета минатата недела, а по воздушен и морски пат пристигнува помош и од Нов Зеланд, Јапонија и Британија.

Обединетите нации, Црвениот крст и другите агенции за помош на теренот во Тонга предупредија дека појавата на ковид-19 на островот во овој момент би била катастрофална.

Ерупцијата на вулканот Хунга Тонга-Хунга Хаапаи предизвика цунами што уништи села и одморалишта и ја прекина комуникацијата за нацијата со околу 105.000 луѓе. Три лица се пријавени како убиени, соопштија властите.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk