Home » Редок природен феномен забележан на плажите во Грција: Вакво нешто се гледа многу ретко [ФОТО]

Редок природен феномен забележан на плажите во Грција: Вакво нешто се гледа многу ретко [ФОТО]

by Lina Muslija

Редок морски феномен откриен во грчките крајбрежни води: Повторно се појави морската цветница

Институтот за заштита на морето „Архипелагос“ од Грција информираше за редок природен феномен кој неодамна бил забележан долж грчкото крајбрежје. Станува збор за невообичаено голема појава на плодови од ендемска морска трева, позната како морска цветница (Posidonia oceanica), која формира таканаречени „подводни ливади“.

Според научниците, оваа појава се случува многу ретко и последен пат е забележана во 2013 и 2023 година. Во последниве денови, граѓани и организации пријавиле големи количини од овие морски плодови распослани долж бреговите, што ги охрабрило експертите да ја истражат појавата подетално.

„Овој редок настан е резултат на цветање што се случи минатата есен. За негово појавување е потребна комбинација од комплексни и ретки природни услови“, наведуваат од Институтот. Морската цветница може да достигне висина до еден метар и има огромно значење за екосистемот, бидејќи создава средина погодна за развој на богат подводен живот.

Во претходните појави, научниците собрале над 12.000 плодови, кои биле искористени за експериментални подводни градини. Поради сложеноста и специфичноста на овој процес, слични обиди се ретки и на глобално ниво.

Од „Архипелагос“ потсетуваат дека „подводните ливади“ играат клучна улога во борбата против климатските промени, со способност да апсорбираат дури 35 пати повеќе јаглероден диоксид од тропските шуми. Освен тоа, тие се дом на преку 300 видови алги и повеќе од 1.000 видови морски животни, што ги прави исклучително важни за биолошката разновидност и одржливото рибарство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk