Xiaomi се подготвува да го лансира Redmi Note 14 Pro+ со огромна силициум-карбонска батерија од 6.200 mAh, брзо полнење од 90 W и нов чип Snapdragon 7s Gen 3
Официјалниот настан за објава на Redmi Note 14 Pro серијата ќе се одржи утре во Кина, а промотивната кампања е во полн ек. Најновите информации откриваат дека Note 14 Pro+ ќе има огромна силиконска-карбон батерија од 6.200 mAh со полнење од 90 W.
Друг тизер потврдува дека телефонот ќе биде опремен со Snapdragon 7s Gen 3 чип, најновиот процесор од средната класа на Qualcomm.
Претходните тизери откриваат дека Note 14 Pro серијата ќе има и IP68 и IP69K сертификат за заштита од вода и прашина, како и Gorilla Glass Victus 2 заштита за екранот.
Покрај информациите за Note 14 Pro, Xiaomi објави и дека ќе ги лансира безжичните слушалки Redmi Buds 6. Слушалките ќе имаат in-ear дизајн и звучници со двојни драјвери – динамични драјвери од 12,4 mm и пиезоелектрични високотонци од 5,5 мм, пренесува GSM Arena.