Redmi најавува телефон со 64MP камера

0
2

Samsung својата нова сензор камера од 64MP ја претстави во мај, а веќе знаеме кој производител на телефони ќе биде меѓу првите што ќе го имплементира овој сензор. Во прашање е Redmi, подбренд на Xiaomi, кој на својата Weibo страница веќе објави пример фотографии создадени од оваа камера.

Сликата не укажува конкретно дека се работи за сензорот на Samsung, но со оглед на временската рамка најверојатно тоа ќе се случи. Сензорот на следниот телефон Redmi  ќе може да произведува 16MP фотографии при услови на слаба осветленост, а во ова ќе помогне Tetracell технологијата.

Веројатно ќе постои и 64MP toggle опција за користење на сите пиксели, но ова се препорачува само во услови на добро осветлување.

Исто така, се очекува подобрен автофокус и можност за снимање на Full HD видео @480 fps.

Quad Bayer ќе овозможи HDR во реално време, што значи дека новиот Redmi телефон ќе биде опремен со бројни функции на полето на камерата./denar.mk