Home » Ред хот чили пеперс се враќаат на сцената со нова песна и албум

Ред хот чили пеперс се враќаат на сцената со нова песна и албум

by Журнал.мк

По шест години, американскиот бенд Ред хот чили пеперс објави нов сингл Black Summer како најава за 12-тиот студиски албум Unlimited Love, чиешто излегување е најавено за 1 април и ќе биде прво со гитаристот Џон.

„Нашата единствена намера беше да се изгубиме во музиката. Поминавме илјадници часови усовршувајќи се за да го направиме најдобриот албум што можевме. Поминавме денови, недели и месеци слушајќи се, слободно компонирајќи, свирејќи и аранжирајќи”, изјавија членовите на бендот.

Ред хот чили пеперс рекоа дека се воодушевени од „звуците, ритмите, вибрациите, зборовите и мелодиите“ за време на снимањето, додека Фрусијанте нагласи дека новиот албум, продуциран од стариот соработник Рик Рубин, „ја одразува љубовта и вербата“ на членовите.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More