Home » Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари

Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари

by Журнал.мк

Алармантни бројки за вработените кои не зеле плата за сработеното, објави Управата за јавни приходи. Без јануарска плата останале речиси 83 илјади работници, покажуваат податоците на Управата кои ги побара Сител.

Обврска да ја исплатат во законскиот рок – до 14 ти февруари имале над 70 илјади фирми, за 551,264 вработени. Но скоро 20 отсто од работниците останале и без плата и без пензиско и здравствено осигуривање. УЈП веќе им прати опомена, а по истекот на рокот ќе следува присилна наплата,. За бизнис конферерацијата, бројките се фрапантни. Покажуваат дека состојбата во економиајата не е стабилна, а најавата за зголемување на минималецот за повеќе од законското, може да предизвика и бран отпуштања на работниците, но и пораст на сивата економија

– Или ќе следи бран отпуштања,поради повисоките трошоци за работниците, или голем дел ќе се дерегистрираат. Најголем дел од самостојните вршители на дејност се пријавени на минималец, и сега со најавата за зголемување, ќе предизвика дел од нив да се одјават и да работат на црно,.изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација.

Бројките за неисплатени плати во истиот период лани веа околу 25 илјади работници.. Сега со бројка над 80 илјади треба да се вклучи алармот дека нешто не е како што треба, велат од Бизнис конфедерацијата.

– Овие бројки за толкав раст на вработени кое не зеле плаат се алармантни.Тоа покажува дека политиките за раст на платите не се како што треба.Барањето за плус 5,000 денари повоисок минималец нето или најмалку 8,000 денари бруто е бројка која навистина ќе предизвика бран отпуштања и бројка која не може да ја издржи бизнисот, додава Бошов.

Инаку Управата за јавни приоходи објави дека плата во декември не зеле речиси 82 илјди вработени, додена во ноември скоро 70 илјади.Колку од овие лица работот во приватниот сектор, а колку државно,не добивме одговор.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk