Актерката Ребел Вилсон откри дека се здобила со сериозна повреда на носот за време на снимањето на акционата комедија Bride Hard, поради што била принудена да го напушти сетот и да побара лекарска помош.
Според Њујорк пост, повредата била толку тешка што бил повикан пластичен хирург.
“За време на сцената со тепачка, пиштолот случајно ми пукна право во лице. Тоа беше чиста лоша среќа и носот ми се отвори, па веднаш го напуштив сетот. Тоа всушност беше мојот последен ден на снимањето. Помислив: “Колку можам да имам среќа?” Бев преплашена, веднаш повикаа брза помош и мораа да донесат пластичен хирург бидејќи во спротивно ќе бев трајно обезличена. За среќа, хирургот пристигна, соши сè и сега навистина не можете да видите ништо”, рекла Вилсон.
И покрај непријатното искуство, актерката ја пофали целата продукција на филмот.
„Нашата екипа направи навистина импресивен филм, а понекогаш направив неколку сцени и акциони секвенци без појас. Не кажувајте на Нетфликс“, рече таа.
За време на интервјуто, таа се осврна и на друго неодамнешно снимање, спомнувајќи го неодамна завршениот филм Apex.
“Го завршивме Apex само пред една недела, па сè уште имам австралиска прашина под овој маникир, а овие симпатични чизми кријат скршен прст. Би можела да зборувам за тоа до утре, но нема”, тврди таа.
Иако снимањето било физички напорно, Вилсон тврди дека добро се справила со тоa.