20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Realme Narzo 30 Pro има 6.5-инчен екран и 4880mAh батерија

Најчитани вести

Realme Narzo 30 Pro се појави на TENAA листинг, со ознака на моделот RMX3161. Станува збор за Android 11 телефон, со 6,5-инчен екран и 5G конекција (со две SIM картички).

Иако екранот е ист како кај Narzo 20 Pro моделот, батеријата е поголема и изнесува 4880mAh. Нема информации за брзината на полнење (20 Pro е поддржано полнење од 65W). И покрај поголемата батерија, новиот телефон е поскладен, со димензии од 162,5 x 74,8 x 8,8 mm.

На задната страна има три камери, но нивната резолуција во моментов е непозната. Сензорот за отпечатоци од прсти се забележува од страна на рамката.

Сè уште нема официјална потврда за името. Но, бидејќи Narzo 20 Pro ја носеше ознаката на модел RMX2161, се очекува дека RMX3161 ќе биде Realme Narzo 30 Pro. Претходно беше наведен и RMX3171, за кој се верува дека е Narzo 30A.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести