21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Realme 8 5G објавен со Dimensity 800U чип и 90Hz освежување

Најчитани вести

Realme официјално го претстави Realme 8 5G телефонот на тајландскиот пазар. Ова е првиот смартфон со поддршка за 5G во рамките на новата Realme 8 серија.

Realme 8 5G користи 6,5-инчен LCD-дисплеј, со  FHD+ резолуција на екранот и брзина на освежување од 90Hz. Телефонот има вообичаен punch-hole дизајн на предниот екран, со селфи камера од 16MP.

На задниот дел од телефонот се наоѓа четвртест камера модул со три сензори, кој го сочинуваат главната камера од 48MP, 2MP макро и 2MP монохроматски сензор.

Realme 8 5G го покренува осумјадрен MediaTek Dimensity 800U чипсет, спарен со 8GB RAM и 128GB простор за складирање. Капацитетот на складирање може да се прошири до 1TB преку microSD картичка.

Уредот го напојува батерија од 5000mAh со поддршка за брзо полнење од 148W. Сензорот за отпечатоци се наоѓа од страна на рамката, а присутен е и конектор од 3,5 мм.

Realme 8 5G е достапен во Supersonic Black и Supersonic Blue варијанти на бои, со цена од околу 320 долари за моделот со 8GB RAM и 128GB простор за складирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести