10.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Реал Мадрид без засилувања во претстојниот трансфер-прозорец

Најчитани вести

Раководството на Реал Мадрид нема да потпише нови играчи во зимскиот преоден рок, објави „Марка“. Шпанскиот весник забележува дека тренерот Зинедин Зидан ќе се потпре на постојните фудбалери, а во нападот, кој е „најпроблематичен“, довербата му ја дава на Еден Азар, Герет Бејл и се надева на напредок на Лука Јовиќ.

Претходно беше објавено дека „кралскиот клуб“ повторно ќе се обиде да го донесе во Мадрид играчот од средниот ред Манчестер јунајтед, Пол Погба.

Оваа сезона Реал Мадрид има 37 бода по 18 кола. Тој е два бода зад лидерот на табелата Барселона.

Во Лигата на шампионите Реал се пласира во осминафиналето, каде што ќе игра со Манчестер сити.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com