Home » Разрешен е медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

Разрешен е медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија

by Журнал.мк

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири го разреши директорот на Токсикологија, д-р Данил Петровски.

Нема разрешување за економската директорка, Бесија Иљази која не знае македонски јазик, не е редовна на работа и против која неодамна протестираа лекарите од оваа Клиника.

Од Министерството за здравство кусо соопштија дека тој е разрешен поради „неправилности во работата“ без да се прецизираат за што точно станува збор, и кои членови од Законот тој ги прекршил.

Петровски потврди дека е информиран од правната служба за неговото разрешување, но не сакаше да даде изјава.

Вели дека ќе го чека образложението на решението пред да даде било каков коментар. Не ја исклучува можноста да е разрешен бидејќи дежурал на Клиниката во период кога е на одмор, а тоа го сторил исклучиво поради недостиг на кадар.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More