Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот институт на САД.
Татнежот се почувствувал низ источниот дел на Куба, вклучително и во поголемите градови како Сантијаго де Куба.
Американскиот национален центар за предупредување од цунами соопшти дека не се очекува опасност од цунами како резултат на овој земјотрес.
Земјотресот доаѓа за време на еден тежок период за Куба.
Во средата, ураганот Рафаел од трета категорија ја зафати западна Куба, при што силните ветрови уништија стотици домови, принудувајќи евакуација на стотици илјади луѓе. Неколку дена подоцна, голем дел од островот пак остана без струја.
Неколку недели претходно, во октомври, островот, исто така, беше погоден од прекини на струја кои траеја со денови, како последица на енергетската криза на островот.
Набргу потоа Куба беше погодена од силен ураган кој го погоди источниот дел на островот и уби најмалку шест лица.