Зголемени цени, забрана за увоз на ароматичен тутун за заштита на домашното производство, стандардизација на производството на 20.000 до 22.000 тони, Сојузот на тутунски здруженија да учествува во условите за новите договори. Ова се дел од барањата на Сојузот во преговорите што ги има со откупувачите, со посредство на Министерството за земјоделство на стартот на новата производна година.
Откупувачите ги испратија предлозите, од Сојузот ќе ги разгледуваат и ќе понудат свои. Производителите очекуваат поплатен тутун. До крајот на овој месец, откупувачите не смеат да склучуваат договори.