Home » Расте цената на Биткоин и Етериум – Еве што се случува на крипто-берзите

Расте цената на Биткоин и Етериум – Еве што се случува на крипто-берзите

by Lina Muslija

Вредноста на Биткоинот денес во 15:15 часот на најголемата светска крипто-берза “Binance” порасна за 1,8 отсто на 93.708,22 евра.

Вкупниот обем на тргување со Bиткоини во последните 24 часа изнесува 26,76 милијарди евра, што е помалку во однос на вчерашните вредности.

Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) за Bиткоин денес се наоѓа на ниво 49, во категоријата „неутрално“, што покажува дека расположението на инвеститорите е малку подобро во однос на вчера, кога индексот беше 44, во категоријата „страв“.

 

 

 

Вредноста на Етериум (ETH) порасна за 2% на 2.648,02 евра, додека вредноста на “Binance Coin” (BNB) се намали за 0,48% на 626,13 евра.

Криптовалутата “Solana” (SOL) порасна за 2,5% на 167,96 евра, а “Avalanche” (AVAX) забележа раст од 4,76% на 23,82 евра.

Криптовалутата на “Telegram”, “Toncoin” (TON) денес се продава за 3,45 евра, што е 0,87% повеќе од вчера.

 

 

 

Во моментов, најмногу се тргува со Биткоин, Етериум и Рипл (XRP).

Најголем раст бележи криптовалутата “KAITO”, која денес дебитира на берзата, а значителен раст имаат и “BERA” и “EIGEN”.

“Kaito AI” користи вештачка интелигенција за собирање и поедноставување на огромна количина податоци во веб 3 просторот, а нејзината вредност по премиерата нагло скокна за 954%, достигнувајќи нешто повеќе од 1 евро.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk