Home » Расте бројот на жртви во невремето во САД, милиони луѓе во опасност

Расте бројот на жртви во невремето во САД, милиони луѓе во опасност

by Журнал.мк

Бројот на загинати во невремето во Тенеси и Мисури во Соединетите Американски Држави се искачи на пет, а ризикот од торнада и поплави постои и денеска, пренесоа американските медиуми.

Осум лица се повредени низ американските сојузни држави Кентаки и Арканзас, јави телевизијата ABC.

Гувернерката на Арканзас, Сара Хакаби Сандерс прогласи вонредна состојба во целата држава поради невремето придружено со град и силен дожд.

Најмалку 20 торнада беа пријавени во средата од Арканзас до Индијана.

Околу 90 милиони луѓе се изложени на ризик од бури низ САД, пренесува АП.

Американската национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека имало најмалку 15 извештаи за торнада во најмалку четири држави до средата навечер по локално време.

Осум лица се повредени низ Кентаки и Арканзас, вклучително и едно тешко повредено во округот Балард, Кентаки, соопштија локалните власти.

NWS соопшти дека милиони луѓе се под предупредување за торнадо и поројни поплави и дека опасноста ќе продолжи во четврток рано наутро по локално време.

По торнадото во Мисури, пријавена е голема штета на неколку бизниси, искинати се столбови за струја, додека неколку празни вагони се превртени.

Метеоролозите издадоа предупредувања за торнадо и поплави во делови од Мисури, Арканзас, Тенеси, Мисисипи, Индијана, Илиноис, Кентаки и Оклахома. Метеоролошката агенција исто така предупреди дека дождот во Арканзас, Мисури, Тенеси и Мисисипи може да доведе до големи поплави на реките.

Метеоролошката агенција исто така предупреди дека дождот во Арканзас, Мисури, Тенеси и Мисисипи може да доведе до „катастрофално“ поплавување на реките.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk