Скоро 40 тела се донесени во болничка мртовечница по стампедо на хиндуистичкиот аџилак Маха Кумб Мела во северна Индија, изјавија три полициски извори за Ројтерс. Претходно имаше информации за 10 починати.
Телата сè уште се носат во локалната мртовечница на Медицинскиот колеџ Моти Лал Нехру, повеќе од 12 часа по трагедијата. Владата се уште не го соопшти бројот на загинатите.
„Се носат уште тела. Имаме скоро 40 тела овде. Ги пренесуваме и нив и им ги предаваме на семејствата еден по еден“, рече еден извор.
„Настана гужва, сите почнаа да се туркаат, влечат, се качуваат еден преку друг. Мајка ми се струполи…потоа и мојата снаа. Луѓето ги прегазија”, изјавила 40-годишната Јагванти Деви. Таа седела во амбулантно возило со телата на членовите на нејзиното семејство.
Официјален претставник на болницата СРН во Прајаграј, каде што се пренесени некои од повредените, рече дека оние што починале имале срцев удар или истовремени болести како што е дијабетесот.
„Луѓето дојдоа со скршеници. Некои колабираа на самото место и беа донесени мртви“, рече службеникот кој сакаше да остане анонимен.