Расте бројот на пациенти со ретки болести. Само во охридско струшкиот регион досега се регистрирани 110 дијагнози. Последниот случај е од пред неколку дена, дијагностициран е еванс синдром кај мало детенце од Охрид.
Откриени се и ултраретки дијагнози за кои нема лек. Сепак раното откривање на болеста ги зголемува шансите за позитивен исход велат лекарите. Најголемите предизвици на пациентите со ретки болести и нивните семејства е сеуште недостигот на лекови во земјава.
Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести утре почнува националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“. Во рамки на Националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ ќе бидат споделени нови 28 текстови за ретки болести кои се дијагностицирани во овој регион.