Home » Расте бројот на ХИВ позитивни пациенти – младите не користат заштита

Расте бројот на ХИВ позитивни пациенти – младите не користат заштита

by Журнал.мк

Пет лица починале од СИДА оваа година. Во Македонија 687 луѓе живеат со ХИВ вирусот, дури 51 се евидентирани годинава, од нив 48 се мажи и 3 жени. Најголемиот дел од потврдените случаи се млади мажи на возраст од 20 до 39 години. Досега во земјава од овој вирус се починати 131 лице. Надлежните сметаат дека голем дел од луѓето не ни знаат дека се заразени.

„Сексуалниот контакт е единствената причина која оваа година е пријавена како начин на пренос на инфекцијата. Ова ја истакнува потребата од превентивни активности токму кај младата популација и кај ранливите групи“, изјави Драган Кочински, раководител на Оддел за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје.

Според спроведените истражувањата најголем проблем во борбата и ставање крај на ХИВ епидемијата сè уште е доцната дијагноза. Со рано откривање и навремен третман би се спречил ризикот од пренесување на инфекцијата на други лица. Терапијата им обезбедува долг живот на заразените, но средствата за превенција од превентивната програма за ХИВ-инфекција секоја година се намалуваат велат од ХЕРА.

„За жал сведочиме дека во последните години во континуитет се намалуваат средствата од Превентивната програма за заштита на населението од ХИВ инфекцијата. Меѓутоа со ова доведуваме до ситуација каде што постои опасност над осум илјади граѓани да останат без вакви превентивни услуги“, вели Ева Спасевска, програмска раководителка во ХЕРА.

Една третина од учениците кои се сексуално активни не користат заштита покажале резултатите од анкетата во средното медицинско училиште Панче Караѓозов која била спроведена на 163 ученици од трета и четврта година.

„Самите ученици кога ги анкетиравме од каде ги добиле информациите за сексуално заразните болести одговорија преку медиумите, а не од фамилијата“, вели Нина Кнаггс, професорка во СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“.

По повод Светскиот ден за борба против СИДА во средното медицинско училиште во Скопје се одржа работилница за средношколци. Каде нивните соученици им пренесоа знаење за темата сексуално преносливи инфекции.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk