13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Распишан конкурсот за нови композиции за „Макфест 2020“

Најчитани вести

Општина Штип го распиша конкурсот за избор на композиции за 35-тото издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“. Техничкиот директор на фестивалот, Крили Панајотов на денешната прес-конференција истакна дека фестивалот ќе се одржи во првата половина на месец октомври, а Општина Штип во својство на организатор и покровител ќе додели седум парични награди.

-На Конкурсот може да учествуваат сите заинтересирани домашни и странски автори и изведувачи кои ги поседуваат потребните квалификации и кои сакаат да се истакнат со својот квалитет, способност и креативност. Еден изведувач или музичка група може да учествува на Фестивалот најмногу со една композиција, изјави Панајотов.

Еден автор на музика или текст, додаде, може да учествува на фестивалот најмногу со две авторски дела.

– Еден автор на аранжман, пак, може да учествува на Фестивалот најмногу со три авторски аранжмани. Материјалите на Конкурсот задолжително треба да се пратат под шифра, посочи Панајотов.

Тој истакна дека учесниците на Конкурсот на кои ќе им бидат избрани композициите ќе бидат информирани за исходот најдоцна до 20 Март 2020 година. Организаторот презема обврска најдоцна до наведениот датум да го истакне списокот со имињата на сите примени композиции на интернет страната makfest.mk. Заинтересираните подетално условите во објавениот конкурс можат да ги видат и на веб страницата на Општина Штип.

Панајотов забележа дека во Програмата за култура за 2020 година општината има предвидено 4,5 милиони денари за фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, а исто така имаат и конкурирано за финансиска поддршка и до Министерството за култура.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести