Home » Раскинаа Цеца и Богдан, двајцата потврдија дека не се веќе заедно

Раскинаа Цеца и Богдан, двајцата потврдија дека не се веќе заедно

by Журнал.мк

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и бизнисменот Богдан Срејовиќ по една година ја прекинаа љубовната врска. Дека веќе не се заедно, тие открија преку соопштение, но не ја кажаа причината за раскинувањето.

„Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот“, стои во соопштението.

Цеца и Богдан, кој е девет години помлад од неа, првпат беа видени во јавноста лани во јануари. Оттогаш беа неразделни и времето го поминуваа заедно, одеа на патувања и често споделуваа заеднички слики и видеа на Инстаграм.

Јавноста почна да зборува дека тие имаат проблеми во врската пред неколку дена кога Цеца отиде сама на Малдивите, а Богдан во исто време беше фотографиран со непозната девојка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More