Home » Рашковски на 25 јануари седнува на обвинителна клупа

Рашковски на 25 јануари седнува на обвинителна клупа

by Журнал.мк

Основниот кривичен суд за 25 јануари го закажа судењето на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски по одобрувањето на обвинението кое опфаќа уште шест други лице.

Предметот, според автоматската распределба во Акмис системот е доделен кај судијата Фанка Јанчулева Михаиловска.

Според обвинението, на Рашковски ќе му се суди за злоупотреба на службената положба и перење пари, а обвинет е дека државниот буџет го оштетил за над 300 илјади евра. Најголемата финансиска злоупотреба од близу 17 и пол милиони денари, Рашковски ја направил со купување на компјутерски софтвер за сообраќајни прекршоци фирмата „Инвока груп“ кој што Министерството за внатрешни работи со месеци не го користело, како и за оштетување на буџетот за 100 илјади евра со незаконито спроведување на јавна набавка.

Владата во меѓувреме ги раскина договорите со друштвото „Инвока груп“ од кои едниот е за групна набавка од 28.2.2020 година и Договорот за набавка на услуги- одржување на софтвер за полагање испити на државните институции од 11.8.2020.

Во меѓувреме, Државната комисија за спречување на корупцијата, побара да се отвори уште еден предмет против Рашковски, поради сомнеж дека неговото семејство добило автомобил од 50 илјади евра како награда од гостиварска фирма.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk