Home » Рашкоски: Нема крај на забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ, мајка ми нема сестра

Рашкоски: Нема крај на забеганоста на ВМРО-ДПМНЕ, мајка ми нема сестра

by Журнал.мк

По обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за поврзаност на Драги Рашковски со „Дрисла“, се огласи со реакција поранешниот генерален секретар на СДСМ.

„ Досега не сакавме да ја коментираме секоја невистина изнесена од страна на ВМРО- ДПМНЕ во однос на мојата наводна поврзаност со работата на јавното претпријатие Дрисла, но не може да останеме и неми на забеганоста на тврдењата за некаква сестринска поврзаност. Кратко и јасно, мојата мајка нема сестра. Ете до таму е забеганоста и опседнатоста на ВМРО ДПМНЕ со Драги Рашковски“ се вели во неговата реакција.

Претходно денеска, портпаролот на оваа партија Наум Стоилковски ја повика ДКСК да отвори предмет со кој ќе се покажело дали крвното сродство помеѓу мајките на Рашковски и Пиперевалиев, е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска „Дрисла“.

-ДКСК мора да отвори предмет и да покаже дали крвното сродство е пресудно за бизнисмени од СДСМ да добиваат тендери во скопска Дрисла. Антикорупциска мора да отвори предмет за механизацијата во Дрисла. Мора да се утврди зошто компанија којашто и сама поседува механизација, за изнајмување на багери за две години исплаќа 850 илјади евра на фирма заради којашто менувала и ставки во огласот од Дрисла? Притоа Договор е склучен во четири очи. И над сето тоа дали стои крвно сродство меѓу добитник на договор, директор на ЈП со генералниот секретар на владата на СДСМ?ДКСК мора да отвори предмет и да испита наводите дали сестринството на мајките на Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев биле пресудни фирмата на струмичкиот бизнисмен да фактурира 850.000 евра за две години од Дрисла?- порача Стоилковски, во една од безбројните изјави со кои откриваат корупција на сите страни.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More