Рап-музичарот Реља Поповиќ, кој ова лето имаше успешни настапи во Македонија, деновиве го запали Интернетот. Особено женскиот дел од обожавателите. Реља Поповиќ, кој е актуелен по улогата во српската серија „Беса“ и кој е сопруг на Николија, ќерката на пејачката Весна Змијанац, во овие денови на задоцнето лето, објави фотографии од семеен одмор во Шпанија.
На едната слика тој насмеан жешко се бакнува со сопругата Николија, а притоа таа му ја пее песната „Ти се љубиш на тако добар начин“. На другата фотографија е покрај базенот под палмите во секси-црвениот шорц за пливање. Напиша дека е добро, па обожавателките ги прашува: „Како сте вие?“
За оние кои малку знаат за него, тој е син на познатиот спортски новинар Срѓан Поповиќ и на балерината Зоја Фехмиу. Добитник е на наградата „Срцето на Сараево“ за најдобра улога во филмот “Обични луѓе“ во 2009 година. Беше и пејач на дуото „Елитни одреди“, кое потоа се распадна. Завршил факултет за медиуми и комуникации, а при крај е и со Факултетот за драмски уметности.