Home » Рангеловиќ: Мислам дека уставните измени ќе поминат

Рангеловиќ: Мислам дека уставните измени ќе поминат

by Журнал.мк

„Проблемот околу уставните измени стана главната теза во предизборието, што не требаше да биде така, туку да се спроведе на еден подруг начин и потивко. Мислам дека уставните измени ќе поминат. Како ВМРО-ДПМНЕ ке го оправда легитимитетот кон своите гласачи и останатите кои не гласале за нив од х причини, е навистина е чудно и ќе биде еден од најголемите предизвици доколку поминат уставните измени. Меѓутоа, оние две траектории врз кои постоечката влада дојде на власт, а тоа е Преспанскиот договор и уставните измени, односно да се противат на сето тоа, уште во првите денови се разводнува. Особено во делот со Преспанскиот договор кадешто се повеќе станува реалност и нема тензија дека тој ќе се промени, ќе седнеме на маса и ќе преговараме.

Сметам дека е проблем, кога сте лидер на една таква институција не би требало да ја замајувате јавноста. Фатете курс. Доколку сметате дека е реалност Преспанскиот договор, почитувајте го до крај. Не барајте средина и манипулација. Кога сте претседател или премиер на државата и си играте во вакви контексти, го ставате народот под хипотека и не доликува да практицираме среден пат во кој се создава лош контекст.“ – вели за Иво Рангеловиќ за „Студио 10“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More