Home » Range Rover за сиромашни !

Range Rover за сиромашни !

by Журнал.мк

Се разбира оваа креација пристигнува, а од каде деуго, ако не од Кина…

Кинеските копии на познати автомобили не се ретки, а најновата жртва на плагијат е Range Rover (има и верзија со преден дел направен по моделот на Land Rover Defender).

Кинеската компанија Sea Biscuit понуди модел на Alibaba кој сигурно ќе го привлече вниманието на адвокатите на британската компанија бидејќи станува збор за очигледна кражба на дизајнот, а станува збор за автомобил кој чини помалку од повеќето ставки од листата на додатоци на еден вистински Range Rover, пренесуваат светските информативни агенции.

Така, за околу 2.800 евра (без транспортни трошоци), на клиентите им се нуди целосно електричен микроавтомобил со погон на електромотор од 68 КС и максимална брзина од 50 км/ч.

Силата се пренесува на задните тркала, а по 10 часа полнење во класичен штекер, малиот Кинез може да помине најмногу 200 километри.

Кабината е натоварена со евтини пластични материјали, додека седиштата се направени од „кожа“ која не е вистинска кожа.

Допир на луксуз и понатаму овозможуваат два минијатурни екрани и штекер за полнење мобилни телефони.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More