Home » Рамос заминува од ПСЖ?

Рамос заминува од ПСЖ?

by Журнал

Гонзало Рамос, по само шест месеци би можел да го напушти Пари Сен Жермен во случај на вистинска понуда. Португалецот не ги исполни очекувањата на тренерот Луис Енрике.

Гонзало Рамос летово пристигна на „Паркот на принцовите“ од Бенфика како позајмен играч поради финансискиот фер-плеј. ПСЖ треба неговиот договор да го откупи на крајот од сезоната. Трансферот треба да изнесува 65 милиони евра.

Сепак, Рамос не го убедил Луис Енрике дека може да биде водечката „деветка“ во неговиот систем.

Португалецот во досегашниот дел од сезоната постигна четири гола со една асистенција, на 19 натпревари, но на теренот мина само 889 минути.

Во случај на реална понуда, ПСЖ ќе преговара со Бенфика за остатокот од исплатата и со заинтересираните клубови кои ќе сакаат да го купат Рамос.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More