Home » Рама: Работењето во Грција или Италија како имигрант повеќе не е подобро решение од Албанија

Рама: Работењето во Грција или Италија како имигрант повеќе не е подобро решение од Албанија

by Журнал.мк

Албанскиот премиер Еди Рама уште еднаш го повтори повикот албанските имигранти да се вратат и да работат и инвестираат во својата земја.

Во реакција на социјалните мрежи наведува дека платите се зголемиле и до илјада евра во домашниот туристички сектор.

Затоа, советува тој, работата во туризмот во Грција, Италија или каде било во Европа, како албански имигрант веќе не е подобар избор од работата во Албанија, од Тет, на север до Ксамил, на југ.

-Значително зголемените плати и многу пониските даноци и трошоци од каде било на друго место, ја прават работата во албанскиот туристички сектор денес подобар избор отколку во другите земји наоколу, пишува Рама.

Младите од оваа земја масовно ја напуштаат земјата, не само во Грција и Италија туку и во други земји на Европската унија и Обединетото Кралство.

Поради тоа во многу сектори, вклучително и туризмот има недостиг на работна сила. Дел се пополнува со работници од Филипини и Индија, но по кус престој тие заминуваат, најчесто во западноевропските земји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More